10 причини зошто е подобро да се заљубите во непозната личност отколку да се смирите со бившиот партнер
Повеќето момци и девојки денес сакаат да стапат повторно во врска со бившиот партнер бидејќи сметаат дека личноста веќе им е позната и не треба да се трудат да ја импресионираат постојано.
Но, тоа е голема грешка бидејќи заљубувањето во нова, непозната личност која не е ваш бивши партнер може да биде една од најубавите работи кои досега сте ги доживеале.
Ова се 10 причини кои ќе ви докажат зошто тоа е навистина така:
1. Ќе се труди да ве импресионира, а тоа вас ќе ви годи.
2. Нема да разговарате за вашето минато, ниту пак ќе се преоптоварувате со иднината, туку ќе бидете фокусирани само на моментот во кој живеете.
3. Секој состанок ќе биде возбудлив за вас, а исто така и за новата личност која влегла во вашиот живот.
4. Нема да ги поседува маните и недостатоците на бившиот партнер кои толку многу ви пречеа.
5. Неговото размислување, секојдневие и мисли ќе бидат нова загатка за вас која ќе обожавате да ја одгатнувате.
6. Голема е веројатноста да останете подолго време заедно со него, отколку со вашиот бивши партнер.
7. Сексот ќе биде ново и возбудливо искуство, за разлика од веќе познатото искуство со бившиот партнер.
8. Зборот “Те сакам” ќе го очекувате со нетрпение, посебно откако и самите ќе почувствувате љубов кон новата личност пред вас.
9. Заљубувањето во нова, непозната личност добро влијае врз вашата психа и организам бидејќи наместо црви во вашиот стомак поради бившиот партнер, ќе чувствувате пеперутки од кои ќе ви се врти во главата.
10. Ќе уживате во играта на освојување без правила.