Исповеди за неверството во кои можеби ќе се пронајдете
Никому не му е непријатно да биде изневерен. Ниеден начин не е пријатен да се дознае, ниту да се соопшти. Но, сепак, луѓето сè почесто паѓаат во такво искушение.
Некои знаат да преминат преку тоа, да простат и да продолжат со нормалниот живот, но некои си заминуваат засекогаш.
Овие исповеди за неверството ќе ве шокираат:
- Неговата љубовница ми кажа на венчавката на нашиот заеднички пријател. Добро се држев додека траеше забавата. Не сакав да им го дадам тоа задоволство да ме видат како луда која ќе му го уништи најубавиот ден на пријателот.
- Сметката за телефон беше трипати поголема од вообичаено. Имаше преку 400 минути разговор со еден број. Ударот следуваше кога дознав дека таа има посебна сметка со неограничени повици во која јас не бев вклучен. Тој човек беше некој колега со кого работеше. Таа сакаше да дознаам, очигледно дека сакаше да ме предупреди, но немала храброст да ми го каже тоа во лице.
- Има неколку нејзини профили на социјалните мрежи со различни имиња. Додека бев на мојот профил во аголот каде Фејсбук предлага луѓе кои може да ги знаеш, видов дека ми е понудено пријателство од жена која изгледа како мојата сопруга. Отворив и имаше што да видам, таа беше „во врска“ со некој друг.
- Си дојдов порано дома и налетав на нив. Да, звучи клише, но така беше. Смешното е што јас сакав отворена врска, но тој рече дека не би можел да поднесе такво нешто. Излезе дека е само себичен.
- Мојот поранешен вереник имаше и ајфон и мекбук, па една иста порака ја примаше на двете места. Со негова дозвола, повремено го користев мекбукот за работа. Еден ден, стигна порака од неговата бивша. Претходно разговаравме за неа, таа е мажена, но останаа во комуникација, ми рече да ја прифатам како негова пријателка. Знаев дека комуницираат, но содржината на пораката кажа сè: „Само сакав да ти кажам дека те сакам“. Кога ја видов неговата порака дека е испратена додека јас спиев до него, не ми требаше ништо повеќе. Мирно го испратив утрото на работа, но кога се врати веќе ме немаше.
- Тоа беше ноќта кога нејзината фирма организираше прослава. Морав да останам дома за да го чувам нашиот петгодишен син. Се шокирав кога видов следното утро дека ја нема мојата жена. Планираше таа ноќ да преспие во хотел за да не мора пијана да се враќа дома со автомобил. Се разбудив во три наутро со чувство дека нешто не е во ред. Ја вклучив апликацијата за лоцирање на нејзиниот телефон. Адресата беше на нејзиниот шеф.
- Добив анонимен мејл од колеџ на кој никогаш не сум одела. Чудно? Во тој мејл најдов податоци за цела историја на допишување помеѓу мојот сопруг и неговата поранешна сопруга. Повторно беа заедно. Како шлаг на сето тоа беше што јас бев седми месец бремена.
- Примив итна порака од неговата љубовница. Таа ми прати порака дека не сака веќе да биде во афера со него. Завршив со него така што му пратив порака: „Како се чувствуваш откако две жени те напуштија во ист ден?“
Како вие сте изневериле или сте биле изневерени?