Најискрените одговори: Во кој момент сфатив дека се заљубувам?

Моментот на заљубување е за секого посебен, интимен, чуден и интересен. Понекогаш е дури неверојатно како се вљубуваме во некои луѓе дури и неочекувано.

najiskrenite-odgovori-vo-koj-moment-sfativ-deka-se-zaljubuvam-01

Но, најинтересно е кога по некое време ќе треба да се сетите кој бил клучниот момент кога сте се заљубиле во партнерот.

Тоа може да бидат толку обични и секојдневни ситуации кои некој не би ги ни забележал, но за некој се најзначајни.

1. Во моментот кога видов како му се насолзија очите затоа што ме испраќаше на пат, сфатив дека навистина го сакам и не сакаме да се разделиме. (Јана, 24)


2.
Кога видов како се грижи за нејзиниот помал брат и колку ги почитува родителите, знаев дека е најдобрата личност која сакам да биде секогаш покрај мене. (Кристијан, 32)


3.
Се знаеме одамна, но откако неколку пати ми се случи кога ќе видам нешто романтично, да помислам баш на неа, сфатив дека сум заљубен. (Мартин, 19)


4.
Додека го шетавме кучето на мојот пријател едно попладне, ја погледнав и забележав дека нејзините очи кои вообичаено се кафени, од светлината на сонцето добија златна боја. Никогаш немав видено поубави очи. Од тој момент не престанав да мислам на неа. (Дејан, 30)


5.
Тој ми ја држеше косата додека повраќав по една пијана вечер, остана со мене кога сите си заминаа, а утрото ме разбуди со појадок од јогурт и житарки. Не ми требаше ништо повеќе за да сфатам дека го сакам засекогаш да биде тука. (Маја, 18)

najiskrenite-odgovori-vo-koj-moment-sfativ-deka-se-zaljubuvam-2.jpg

6. Знаев дека ја сакам во моментот кога ја видов како се сопна и падна, се покриваше да не ја видам, а јас не се смеев, туку само сакав да ја бакнам. (Марио, 22)


7.
Се заљубив на многу чуден и интересен начин. Ја немав видено, туку само ја слушав како се смее. Тоа беше најубавото нешто што сум го слушнал. Знаев само дека морам да ја најдам девојката што така се смее и дека ако успеам јас да ја насмеам, не ми треба ништо повеќе. (Андреј, 20)


8.
Ни дојде на час да прочита соопштение. Имаше толку чуден и смешен акцент, што ми доаѓаше да се превртам од смеење. Едвај се воздржував, а толку беше сладок. Ме забележа, но веќе бев освоена. (Ана, 16)


9.
Се запознавме на интернет и договоривме состанок. Многу имав трема и не знаев баш дали е тој што ми се претставува. Кога пристигнав првото нешто што ми го кажа беше: „Фала Богу, што не си машко. Многу се претставуваат со лажни профили“. Прснав од смеење и веќе сè беше полесно. Се заљубив затоа што беше различен состанок од сите други. (Кристина, 19)


10.
Го видов како смешно игра во една дискотека. Нешто глумеше фраер пред другарите, изгледаше по малку глупаво, но не можев да го тргнам погледот од него. (Сања, 30)

najiskrenite-odgovori-vo-koj-moment-sfativ-deka-se-zaljubuvam-1.jpg


11.
Комунициравме само две недели, кога ненадејно таа имаше сообраќајна несреќа во која делумно ги изгуби помнењето. Кога отидов да ја посетам, едвај се сеќаваше на мене. Но ги испечатив сите пораки кои си ги имавме пратено во тој период и откако ги прочита се сети на сè. Тогаш знаев дека не смеам да ја изгубам. (Аце, 32)


12.
Знаев дека тој е тој, кога откако излеговме надвор од барот на цигара извади West кутија истo како мене и мобилниот му заѕвони со мојата омилена песна од Пол ван Дајк. (Моника, 18)


13.
Јас излегував со неговиот најдобар пријател, кога од мојата најдобра другарка дознав за пораки кои тој ѝ ги праќал за да објасни колку е несреќно заљубен во мене. Во истиот момент сфатив дека сум глупава што не сум забележала и претходно, зашто и јас бев заљубена во него. (Ивана, 17)


14.
Таа го направи првиот чекор. Таа знаеше што сака и што треба да ми каже. Како да не се заљубам во неа? (Тони, 25)


15.
Не знам дали има баш еден клучен момент кога некој се заљубува. Мислам дека се заљубуваме во луѓе кои се постојано околу нас, но во еден момент почнувате да ги забележувате малите работи кои некоја личност ги прави. Начинот на кој се смее, гестовите што ги прави, зборовите кои ги кажува, омилените работи кои ги избира. Сите тие детали кои претходно не сте ги забележувале, наеднаш ви стануваат толку важни и интересни, бидејќи сакате да ѝ угодите на личноста во која сте се заљубиле. Па, ви доаѓа пред сите да ја прегрнете или бакнете. (Матеј, 29)

najiskrenite-odgovori-vo-koj-moment-sfativ-deka-se-zaljubuvam-3.jpg

Во кој момент вие сте сфатиле дека сте заљубени?

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg