12 квалитети кои мажите ги бараат кај своите партнерки
Колку и да мислевте дека мажите се визуелни суштества кои ги обожаваат вашите облини, нозе и очи, тие имаат и друга листа на поинакви карактеристики кои мора да ги исполнувате за да бидете нивна партнерка.
Идеалната жена за долга врска ги има овие одлики:
1. Таа се бори за она во што верува, не се откажува и протестира против сите форми на неправедност.
2. Таа мисли дека разновидноста е тајната на животот. Би требало да ужива во нови работи кои ќе ја одржат врската свежа и возбудлива.
3. Презема акции за планирање и остварување на соништата. Таа се труди да се движи само нанапред и да ги совлада сите препреки.
4. Интелигентна е, благодарна и се грижи за работите кои се случуваат и надвор од границите на нејзиниот свет.
5. Поседува креативност која ја искажува преку сликање, музика или создавање нови модни трендови.
6. Ужива додека гледа или игра некој спорт, се храни здраво и вежба.
7. Љубител е на културните манифестации - претстави, опери и изложби.
8. Обожава да чита, дискутира и да ги споделува своите гледишта и ставови.
9. Знае да ужива во предиграта, сексот, игрите под чаршавите, но и да доминира кога е потребно.
10. Го обожава фактот дека е жена - грижлива, секси, емоционална и искрена. Се прифаќа онаква каква што е и сака да биде нечиј пример во животот.
11. Понекогаш, знае целосно да се препушти на забавата на видео игрите, технологијата и интернетот.
12. Има посебна страст за патување и откривање на нови земји, култури, јазици...