Македонските девојки откриваат: Која е разликата помеѓу дечко за една ноќ и дечко за врска?
Видовме што имаат да кажат момците на темата девојка за една ноќ и девојка за озбилно, а голем број девојки добија интерес да прокоментираат на оваа тема од свој аспект. Ако девојката за една ноќ според момците требаше да биде „надарена“, разголена, секси, пијана - каков треба да биде дечкото за една ноќ?
Каков живот води - таква девојка бара, тоа е мојот начин за дешифрирање на мажите. Ако е љубител на кафани и клубови и го сретнам на некое такво место, знам дека бара девојка за забава и ништо повеќе. Таквите обично се полесно достапни, додека дечкото кој бара сериозна врска обично води помирен живот и голема е веројатноста дека ќе го запознаам преку заеднички пријатели.
– Симона (24), Скопје
Генерално, за мене маж за една вечер е некој со кој претходно веќе сме имале нешто – значи бивши дечко, мувач или секс пријател. И секако, клучен е сексот кој сте го имале претходно – ако бил добар, никој не може да ве сопре па макар да го направите тоа и во тоалет во диско. Не би се решила да легнам со некој што прв пат го гледам во животот. За озбилно е оној кој ќе се потруди малку повеќе – но, ова не може да се оцени од една вечер, особено не ако сте и двајцата под дејство на алкохол.
– Катерина (29), Скопје
Дечко за една вечер посебно доколку го запознаам во ноќен клуб би го препознала по неговите прашања упатени кон мене, од типот – „Дали сум слободна подоцна“ или „Дали ми се допаѓа неговиот автомобил“. Доколку ми ги постави овие прашања очигледно е дека сака да го испробаме само неговото задно седиште од автомобилот и ништо повеќе. Дечко за врска би се поставил многу поразлично, би те прашал дали може да те испрати до дома, а потоа би договорил состанок сред бел ден. Прво би се обидел да ме запознае, да стане мој пријател, а дури потоа мој дечко.
– Нина (21), Скопје
Дечкото за една вечер слободно им приоѓа на девојките, нарачува пијалок за нив без да ги праша, постојано го коментира нивниот физички изглед и употребува веќе застарени финти за да ја придобие, нормално само за една вечер. Другото утро сигурно нема да се сеќава ниту што кажал. Главен адут му е автомобилот купен од неговите родители и веднаш ја нуди девојката да ја одведе дома со него само за да добие нешто по пат.
Дечкото за сериозна врска внимателно ти се приближува и се распрашува за тебе индиректно. Не сака да биде во центар на внимание и не сака да се експонира премногу, доволно само за ти да го забележиш. Договара состанок и остава на тебе да одбереш место и време бидејќи не сака да остави впечаток на дечко за една вечер. Во текот на состанокот ќе се плаши да не каже нешто погрешно и со тоа ќе забележиш дека е дечко кој сака нешто повеќе од тебе освен секс.
– Даниела (25), Неготино
Дечко за една вечер можам да најдам секогаш кога ќе го посакам, зашто сметам дека девојките бираат и знаат како да манипулираат. Единствено треба да се одбере само кој дечко е за една вечер. Знаат и машките денес да глумат недостапни и недопирливи, па не претерувам со пребирање кога не е некој што одамна ми се свиѓа. Важно е да има само јака хемија и да бидам на чисто со себе дека не очекувам ништо повеќе од него. - Дечкото за врска сметам дека тој е оној кој треба да ме освои, да ми пријде и да знае што сака.
– Ивана (19), Скопје
Уште 6 одговори на следната страна...