Откријте каков тип е уште на првиот состанок

За некои луѓе не ви требаат месеци дружење за да ги откриете какви се. Понекогаш има работи за кои тие не се ни свесни дека ги издаваат, а може да ви дадат многу јасна слика за тоа какви се, уште на првиот состанок.

otkrijte-kakov-tip-e-uste-na-prviot-sostanok-01

Тој има премногу „слободен дух“

Овој тип без предупредување ќе ве одвлече во малиот ходник кој случајно води до тоалетот на кафулето и во следната секунда неговите раце ќе завршат на вашиот задник, а јазикот во вашата уста. Него го интересира само едно, а тоа сигурно не е вашето мислење за животната средина или омилената книга.


Интелектуален сноб

Ве кани на кафе и по првата реченица со потсмев ве провоцира и ви спомнува некои не многу познати имиња на светски економисти или научници, сакајќи да ви каже колку е начитан и да предизвика воодушевување кај вас.


Опседнат е со пари

Стигнува сметката и тој веќе ја пресметува поделена на двајца, точно до денар или се расправа за да добие и 3 денари кусур. Класичен пример на тип навлечен на пари.

otkrijte-kakov-tip-e-uste-na-prviot-sostanok-1.jpg

Откачен, ама секси

Него не му е тешко да поминува време гледајќи со вас некој хорор, само за потоа да ве провоцира со некои шеги. Тој знае да ја цени и апсурдната страна на животот. Него треба да го задржите.


Главен во друштво

Забавен е и знае да ги расположи сите. Можеби не е премногу итересно тоа што го кажува или прави, но на сите им годи.


Его манијак

Ако му е исклучително важно да се пофали со јакната што ја купил или скапиот часовник и се гледа дека е преполн со самодоверба, тогаш тој не ви треба. Таквиот тип веќе е зафатен во врската со самиот себе.

Го пронајдовте некаде вашиот партнер?

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg