Заљубувањето е почеток и крај на сè останато?!
Колку пати досега кога сте се заљубиле сте ги запоставиле пријателите, семејството и самите себеси, а сте се посветиле на својот партнер повеќе од потребното?
Сигурно на почетокот на секоја врска, нели?
Тоа е доказ дека заљубувањето е можеби нов почеток, но исто така и крај на се останато, а еве и зошто.
Заљубувањето е започнување на ново поглавје во животот, но...
...исто така и завршување на старото. Кога сте заљубени мислите дека можете да го освоите светот и ставате крај на сите претходни поглавја кои сте започнале да ги пишувате сами. Без разлика дали станува збор за животни желби, соништа, достигнувања, надоградувања или успеси.
Заљубувањето не е само заслепувачко, туку...
...тоа е исто така и откривачко. Освен што ќе ви открие нов свет во кој нема да постои никој освен вие и вашиот партнер, ќе ви открие и нови хоризонти во поглед на брак, деца и вдомување, што ќе стави крај на вашиот ергенски живот, забавите и флертот.
Заљубувањето не е розово и составено од виножита и пеперутки во стомакот, туку...
...понекогаш е и сиво со нијанси на црно кои доколку заљубувањето премине во долготрајна, чиста љубов повторно ќе добие розова боја, виножита, пеперутки и што уште не. Тоа се случува бидејќи доколку личноста до вас е онаа вистинската заедно ќе ги надминете проблемите и тешките моменти кои се појавуваат во почетокот на секоја врска.
Заљубувањето можеби е крај на еден циклус на самотија во животот, но...
...исто така е почеток на нов циклус, циклус на љубовта кој ќе кружи постојано околу вас доколку знаете да сакате, почитувате и простувате кога тоа е навистина потребно.
Како ви гледате на заљубувањето? Дали тоа навистина е почеток и крај на се останато во животот?