Мапа на машкото тело
Вообичаено најчесто се пишува за сите делови на женското тело, како најголема мистерија, се откриваат сите ерогени зони и најважни точки, а машкото како да се подзаборава.
Некогаш и жените имаат проблем со некои делови на машкото тело за кои не се ни свесни дека треба да им посветат малку поголемо внимание.
Добро проучете ја мапата на машкото тело!
Уши
Лижењето и допирањето на неговите уши ќе ги разбудат сите негови сетила и ќе ја зголемат возбудата до највисок степен.
Врат
Вратот е исклучително чувствителна зона чија чувствителност е совршена за нежна предигра. Бакнувајте со и скокоткајте го со врвовите на косата.
Теме
Кубењето не е за секој, но ако на вашиот партнер не му пречи, токму на тој начин може да го возбудите и излудите.
Брадавици
Машките брадавици се еднакво чувствителни како и женските, па претставуваат совршено место за бакнување, скокоткање со јазикот и грицкање.
Бедра
Поточно внатрешната страна на бедрата. Играњето во оваа зона ќе му овозможи чувство како да се приближувате до критичниот дел.
Рамена
Рамената се еден од најмажествените делови на машкото тело. Не му ги коментирајте само со зборови, туку и со бакнежи, нежно гребење и грицкање.
Торзо
Бакнежите по градите и стомакот ќе го доведат до лудило. Зголемете му ја возбудата така што ќе му ги преврзете очите за да не може да претпостави кој ќе ви биде следниот чекор.
Задник
Галете го, стискајте го, бакнувајте го и гребете го. Сето тоа ќе му сигнализира дека сакате дополнително да го возбудите, а неговиот одговор ќе биде еднакво страсен.
Тестиси
Без разлика дали се работи за орален секс или само предигра, не ги заборавајте тестисите како исклучително чувствителен дел на машкото тело. Бакнувајте ги, лижете ги и нежно притискајте ги. Само внимавајте да не претерате.