Што се случува во главата на дечкото кој повремено се јавува, па исчезнува?
Без разлика дали моментално сте во врска со маж кој повремено си оди, па се враќа или барем некогаш сте биле, сигурно се трудите да ја разберете неговата глава.
Ова е најкраткото можно објаснување:
Како ќе го препознаете?
Се работи за маж кој по неколку супер денови кои сте ги поминале заедно - исчезнува! А неколку денови или недели подоцна, пак ви праќа порака и сака уште неколку прекрасни заеднички моменти. И така во бесконечен круг...
Која е целта на ова однесување?
Тој сака да менува повеќе девојки, настојувајќи сите опции да си ги задржи отворени. Не е расположен за врзување затоа што тоа значи дека ги пропушта останатите опции. Сака да ве има, но под негови услови.
Вашиот следен чекор
Ако веќе барате совет, овој вид на мажи би требало да ги игнорирате, односно да престанете да одговарате на неговите повици. А ако сте сигурни дека сакате да продолжите со него, не очекувајте ништо повеќе од јавување, па исчезнување.