5 работи кои ниту една жена не смее да ги направи по раскинувањето: Не се обидувајте да бидете пријатели!

Раскинувањето на емотивната врска која траела со месеци или години, секогаш ќе биде подеднакво тешко.

5-raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-smee-da-gi-napravi-po-raskinuvanjeto-ne-se-obiduvajte-da-bidete-prijateli-01.jpg

Во прво време по раскинувањето сите жени се тажни и депресивни, па неретко се случува да прават грешки со кои уште повеќе ги повредуваат своите емоции.

Ова се најчестите 5 кои никогаш повеќе не смее да ги повторите:

1. Не глумете дека се е во ред

Многу жени сакаат да глумат дека се е во најдобар ред, иако од внатре се скршени. Така нема ништо да постигнете, сите емоции ќе ве престигнат порано или подоцна, па затоа попаметно ви е да не ги одложувате. Секогаш е подобро да се исплачете или да ја раскажете вашата страна на приказната.

2. Не се обидувајте да му бидете пријателка

Оваа желба може да се појави по одредено време кога ќе ви здофали неговото присуство. Но, тоа „пријателство“ по раскинувањето на врската е очаен обид за обновување на истата, кој најчесто не успева.

3. Не го следете

Ова се однесува на местата на кои знаете дека ќе се појави, но и на социјалните мрежи. Наместо да се занимавате со него, сконцентрирајте се на вашите чувства. Неговата насмеана фотографија на Фејсбук никако нема да ви помогне.

4. Не се согласувајте на секс за една ноќ со него

Ова е уште едно строго правило кон кое мора да се придржувате. За да ја избегнете конфузијата дали тоа значи смирување или само авантура која ќе ви ги разбуди чувствата, најдобро е да го избегнете.

5. Не правете радикални промени во изгледот

Не избрзувајте со шишање, боење на косата или тетовирање. Ако сакате промена, почекајте извесно време за да откриете дали тоа е само фаза низ која сите поминале. Освен тоа, никаква промена на вашето тело нема да го врати.

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg