6 ситуации во кои говорот на тело го издава машкиот пол
Дали е во прашање флерт или само пријателски поглед? Дали тој сака да биде со вас доколку постојано ви се смешка или пак ве допира несвесно?
Дознајте го тоа од наредните 6 ситуации кои се доволни за да го прочитате неговиот говор на тело и да ги дешифрирате неговите скриени тајни.
Постојано допирање
Доколку постојано несвесно ја допира вашата рака или лице, едноставно ве гледа како мила личност и сака нешто повеќе освен другарство со вас.
Дрскост
Постојаното скокоткање и кажување шеги на ваша сметка се добар знак. Тој е веќе заљубен во вас, но е премногу срамежлив да го направи првиот чекор кој нема да делува толку детинесто.
Менување на говорот
Гласот му станал одеднаш погруб и подлабок? Тоа значи дека е нервозен во ваше присуство и сака да делува како да ја контролира ситуацијата и неговите чувства кон вас, кои несомнено постојат.
Неговата положба на телото
Доколку рацете му се вкрстени зад главата, а нозете му се благо раширени тоа значи дека му годи разговорот со вас и е спремен да ви се отвори целосно. Доколку се работи за пријателство, бидете сигурни дека тоа за кратко време ќе премине во врска.
Местење на фризура
Постојаното поправање на изгледот или местење на фризурата се знак дека сака да ви се допадне. Преземете го првиот чекор бидејќи тој е премногу горделив за да го стори тоа и да ви пријде поблиску.
Контакт со очи
Длабокиот поглед може да искажува љубов или пак восхит кон вашата убавина, додека краткиот поглед кој шара во просторијата, значи дека не е заинтересиран за вас или пак сака да ве има само на една ноќ.