Го барате Вистинскиот? Ова е рецептот!

Сите девојки се израснати со бајките за вистинската љубов и принцот на бел коњ. Некои не веруваат во нив откако ќе пораснат, но некои го бараат Вистинскиот и до крајот на животот.

go-barate-vistinskiot-ova-e-receptot-01.jpg

За тоа дали навистина постои или не, тој еден и единствен, вистински одговорот е индивидуален.

Но, за оние кои го чекаат, советот е дека треба да го побараат!

Ништо не доаѓа тукутака, затоа ви е потребен вистинскиот рецепт кој се состои од неколку правила:

1. Излезете од дома

Ако постојано сте дома, тешко дека некој непознат и вљубен во вас ќе ви дојде на врата. Мора да излегувате на разни места, да комуницирате со луѓето, да ги запознавате и да дозволите да ве запознаат.

2. Посетувајте конкретни места

Откако ќе знаете какви мажи сакате, размислете каде би можеле да се движат таквите. Ретко ќе најдете рокер во кафана или спортист на метал журка со многу алкохол и цигари. Не лутајте на погрешни места.

3. Мора да излезете од удобната зона

Иако сте навикнати да одите на одредени места каде се чувствувате најпријатно, ако постојано ги среќавате истите ликови и Тој не е меѓу нив, побарајте го на ново место.

go-barate-vistinskiot-ova-e-receptot-1.jpg

4. Подгответе се за разговор

Откако ќе најдете некој кој сметате дека е вашиот г-н Вистински, важно е да знаете како да го привлечете и задржите. Разговорот е еден од клучните работи, затоа потрудете се да биде опуштен, природен и умерено секси.

5. Страста секогаш е привлечна

Одберете тема за разговор која ја сакате, нешто што ве исполнува и за кое би зборувале со вистинска страст и радост. Нема нешто попривлечно од среќна, возбудена и исполнета жена.

6. Не ја заборавајте невербалната комуникација

Невербалната комуникација дури е и поважна од вербалната. Со неа покажувате скриени пораки кои му даваат некаков знак на вашиот г-н Вистински. Телото треба да ви биде секогаш исправено и свртено кон него, важно е да го гледате во очи и да ги употребите оние мали случајни допири додека зборувате, а кои ќе ја најават вашата блискост и опуштеност.

go-barate-vistinskiot-ova-e-receptot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg