11 фази на заљубување кај мажите: Од првиот состанок до венчавка
Познато е дека мажите потешко искажуваат чувства со зборови, но затоа има постапки кои ги прават, мисли кои им се вртат низ главата и кои ги издаваат.
Но, има и доволно искрени момци кои ги признаа вистинските фази низ кои минуваат, понекогаш и без да се свесни што им се случува.
Вака момците стигнуваат од првиот состанок до венчавка:
1. Првиот состанок не е најлош – „Таа е паметна, убава, духовита и можам да бидам подолго време со неа без да се скараме“.
2. Ги имам оние пеперутки во стомакот кога ќе добијам порака од неа – „Тоа никогаш не би го признал никому, подобро би звучело ако кажам дека имам скорпии во стомакот“.
3. Можам со неа да разговарам повеќе од 30 минути без непријатна пауза и да ѝ се јавам кога сум трезен. – „Мислам дека е многу опушена и фина, па можам да ја запознаам и со родителите.“
4. Мора да бидеме пар, затоа што сакам да ја претставувам како моја девојка – „Ова е Ана, мојата девојка“, многу добро звучи“.
5. Сакам да дојде со мене на свадбата на мојот пријател – „Иако има време до свадбата, јас мислам дека таа е идеална за таму и сигурно до тогаш ќе бидеме уште заедно“.
6. Дојде кај мене и ми ја купи омилената храна кога бев болен – „Тоа е дефинитивно нешто супер, можеби најдоброто нешто што ме освои.“
7. Кога размислувам за иднината ја гледам и неа - на пример за 5 години подоцна кога имам успешна кариера сè уште ја замислувам неа покрај мене.
8. Мислам дека сум заљубен во неа – „Уште не сум го кажал тоа на глас, ама ќе почекам вистинско време“.
9. Полудев по неа – „Би можел и со пеење да ѝ кажам или да викнам на сред плоштад, навистина не ми е гајле што мислат другите, јас ја сакам!“
10. Како ќе изгледаат нашите деца – „Толку би биле слатки, едвај чекам да ги видам вистински. Можам да ги замислам нејзините очи, мојата коса на нив...“
11. Веројатно би требало да почнам да штедам за прстен – „Мора да заборавам на новото Sony, сезонските карти за спортски натпревари и да почнам да го барам нејзиниот омилен прстен“.