Како да го препознаете неговото лажно „Te сакам“?

Секое момче во врска барем еднаш ги има изговорено зборовите „Те сакам” под притисок, вина или кога сака да добие нешто од неговата партнерка. За жал, вашето момче не е исклучок.

kako-da-go-prepoznaete-negovoto-lazno-te-sakam-1

Доколку сакате да дознаете кога тој ви кажува дека ве сака без да го чувствува тоа, овие неколку ситуации ќе ви помогнат да го откриете тоа.

Кога вие ќе му кажате „Те сакам”

Доколку вашиот сакан ниту еднаш ви нема соопштено дека ве сака пред вие да го сторите тоа, тогаш најверојатно вашето „Те сакам” го чувствува како притисок и обврска му е да ви возврати со истите зборови во моментот.


После неверство

Момците не се добри глумци како и девојките. Веднаш може да го препознаете партнерот доколку ве има изневерено или пак флертувал со друга девојка, бидејќи неговото однесување ќе го издаде.

Освен тоа зборовите „Те сакам” ќе ги кажува постојано поради тоа што се чувствува вина и грижа на совест.


Кога сака да добие секс

Едно од најчестите причини поради кои тој ви изјавува љубов е желбата за секс која удира во неговата глава и го тера да реагира на начин на кој најбрзо ќе ви се вовлече во гаќичките.

Доколку забележите дека вашиот дечко ги изговара магичните зборови само во затемнето светло под чаршавот, тогаш е најверојатно дека не ги чувствува истите.


Кога е виновен

Сте имале расправија во која тој бил главниот виновник и свесно не сакал да призне. Чувството на вина поради тврдоглавост и непопустливост само за да докаже дека посилната половина секогаш е во право може да биде причина за неговото извинувачко „Те сакам” кое тој не го мисли.


Навечер или наутро

Ако секој ден се слушате со партнерот на телефон, посебно наутро или навечер големи се шансите утринското „Те сакам” или она за добар сон, да преминале во зборови кои тој не ги чувствува како љубов, туку како рутина.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg