20 знаци дека сте ја пронашле личноста со која треба да го поминете животот
Секогаш кога во некоја филмска сцена актерите се замислени дали личноста со која се моментално е вистинската личност и како да бидат сигурни во тоа, одговорот кој следи е: „Ќе знаеш кога ќе ја запознаеш“.
Но, вистината е дека нема точен одговор и начин за да знаеш за сигурно и не е толку едноставно.
Во реалниот живот, запознавањето некој подлабоко од чувствувањето пеперутки во стомакот е најдобар начин за да добиете некој знак.
Кога ја сакате личноста како човек во вашиот живот и сознанието дека ве прави вас подобра личност, тогаш сте блиску до одговорот.
Се разбира, нема магична формула, но може да се претпостави дека човек со барем половина од овие квалитети може да биде личност која сигурно сакате да ја имате покрај себе до крајот на животот.
1. Те изненадува без посебна причина, само за да ја види насмевката на твоето лице.
2. Те слуша, навистина те слуша кога зборуваш.
3. Ти недостига кога не е тука.
4. Но, сè уште можеш да живееш нормално и додека не е тука.
5. Во иднина се гледате заедно.
6. Го/Ја сакаш во својот живот без разлика на сè.
7. Не го/ја сакаш само како љубовник/ца, туку и како личност.
8. Имате слични интереси и цели.
9. Сè уште може да те научи на некои нови работи.
10. Го сака најдоброто за тебе.
11. Секогаш ти е најдобра поддршка.
12. Ти дава комплименти и кога не очекуваш.
13. Се согласува со твоето семејство.
14. Ги одржува ветувањата.
15. Им се допаѓа на твоите пријатели/ки.
16. Никогаш нема навредливи или злобни коментари кон тебе.
17. Кога се расправате тоа е фер борба, без погрдни имиња.
18. Може да те насмее само со тоа што го/ја гледаш.
19. Може и лошиот ден да ви го направи добар само затоа што ќе зборувате за тоа.
20. Искрен/а е со тебе и ќе го цени ако го правиш истото.
Бонус: Ако мислевте на некоја личност додека ги читавте знаците, тоа е добар знак!