Во ритамот на блузот

Сите во живтотот имале партнер со кој совршено се разбирале или партнер кој го чувствувале како нивна сродна душа.

vo-ritamot-na-bluzot-001.jpg

Доколку и вие сте имале таква врска, сигурно односот со партнерот ви бил необичен, прекрасен, едноставно совршен.

Можеби тој однос сè уште го негувате, а можеби и за жал се прекинал, но без разлика на тоа, овој текст ќе ве потсети на убавите моменти кои секоја врска знае да им ја пружи на партнерите доколку тие се совршени еден за друг.

Такви беа тие, како блузот, стари љубовници, но добри и динамични.

Привлечни за сечие око, влезени во сечија уста, но не им беше воопшто гајле. Го тераа фазонот “Cosa Nostra”.

Привлекуваа сечие внимание со тој фазон, а најмногу си го привлекуваа меѓусебното, како и секогаш.

Секој нивни разговор беше појак од најголемите филозофии за животот. Еден на друг си беа лични психијатри, а во моменти на среќа еден на друг публика која бодри со својата химна.

Ех, тој пар... Нема да се најде таков во наредните илјада години, а можеби и две.

Беше таа вечер кога нивните души танцуваа во ритамот на блузот, цела вечер, непрекинато.

Можеби знаеја дека никогаш повеќе нема да ја слушнат таа мелодија заедно.

Напнатоста беше во кулминација, тензијата растеше, а бакнежите беа сè побројни. Нивните тела се препотуваа, усните им дехидрираа, а срцата чукаа посилно од секогаш, како едно!

Погледот кажуваше сè, тишината исто така, а тие ја слушаа, ја слушаа во ритамот на блузот.

vo-ritamot-na-bluzot-3

Би можело да ве интересира:

„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg