Искрено машко писмо за жената која ја напушта

Сите оние кои го изговориле магичното „Да“ веруваат дека навистина засекогаш ќе трае и дека среќата никогаш нема да им го заврти грбот.

iskreno-masko-pismo-za-zenata-koja-ja-napusta-01

Но, секогаш треба да бидете подготвени и на тоа дека секогаш е можно нешто да се сврти обратно, дури и кога најмалку очекувате.

Разводот денес се случува толку често што стана сосем вообичаено нешто. За тоа сведочи и ова емотивно писмо кое мажот ѝ го напишал на својата жена во име на сите прекрасни моменти поминати заедно.

„Денес е нашата дваесетта годишнина од брак, која ќе ја одбележиме во судница.

Кога ја донесовме оваа одлука пред неколку месеци цел свет ми се сруши. Се плашев каков ќе ми биде сега животот без тебе. Толку долго беше единствена во мојот живот. Дозволи ми да го споделам со тебе сето она што го мислам и чувствувам.

Заслужуваш награда што си поминала 20 години со мене

Двајцата знаеме дека не е лесно да ме сакаш мене. Но, ти секогаш си била подготвена со својот шарм и стил да се справиш со мојата дрскост и секогаш да бидеш покрај мене.

Ти си прекрасна мајка

Твојата добрина и љубовта која им ја даваш на децата е најубаво нешто кое те краси. Никогаш нема ни да дознаете колку многу имам научено од тебе додека ги одгледувавме.

Сакам да бидеш среќна

Заслужуваш да бидеш среќна. Сакам да имаш мирен живот и да бидеш исполнета жена.

iskreno-masko-pismo-za-zenata-koja-ja-napusta-3.jpg

Повторно би се оженил со тебе, дури и ако однапред знам дека вака ќе заврши

Имаме 3 прекрасни деца и заради тебе јас сум многу подобра личност од тоа што бев.

Не можеш да ме натераш да престанам да те сакам

Дури и кога би сакал да те мразам за да ми биде полесно, не би можел бидејќи си премногу добра личност. Едно нешто кое ме изненади е како можеме да бидеме пријатели после сè што ни се случи.  Драго ми е што завршивме како добри пријатели. Сакам кога разговараме за нашите деца, животот, филмовите и музиката.

Не сум глупав, знам дека жена како тебе нема долго да биде сама

Тебе е лесно човек да те сака. Сакам да знаеш дека ќе те поддржам без разлика кој ќе го одбереш како партнер.

Како што се приближуваше овој ден, сè повеќе размислував за него и сакам да го прекинеме овој брак на мирен и разумен начин.

Те сакам“

iskreno-masko-pismo-za-zenata-koja-ja-napusta-1.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg