Топ 5 причини заради кои престануваме да сакаме

Неретко се случува паровите за кои сте мислеле дека се судени еден за друг, да прекинат кога најмалку се случувало. Веројатно и тие не го очекувале крајот, но за него се виновни повеќе причини.

top-5-pricini-zaradi-koi-prestanuvame-da-sakame-01.jpg

Ова се топ 5-те заради кои се распаѓаат дури и „совршените“ врски:

Различни животни вредности

Само затоа што парот изгледа добро заедно, не значи дека се сложува зад затворените врати. Ако една личност ја вреднува работата повеќе од љубовниот однос или пак само еден од партнерите сака семејство, тогаш работите стануваат разнишани.

Нов вид стрес

Дури и најдолгите врски може да се најдат во нова, до тогаш недоживеана стресна ситуација која може да го поништи целиот труд. Здравите и сигурни врски се карактеризираат со поддршка во ситуациите на стрес, несигурност и падови, па ако го немате овој момент - размислете два пати.

Нема доверба

Недостатокот на доверба е најчестиот, а најтивок убиец на врските. Односот кој укажува на можно изневерување е стрес за другиот партнер, кој води до несигурност, расправии, љубомора... а, сето тоа води кон прекин.

Различни животни навики

На пример, еден од партнерите постојано е дома, додека другиот постојано излегува? Оваа врска е осудена на пропаст. Колку и да уживате во друштвото додека сте заедно, не значи дека ќе се согласувате. По извесен период сите компромиси и премолчувања се прелеваат.

Не е вистинската личност

Колку и да ви е тешко да си го признаете тоа, еден ден ќе се разбудите со мисла дека повеќе не сакате да сте тука, во ова место, до оваа личност. Ако за момент ова чувство преовладува, вашата врска е неуспешна, колку и да се трудите. Во овој случај, нема промена која ќе ве задоволи.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg