Пронајди го несовршениот маж и задржи го
Состанувај се со несовршен, по малку тежок маж. Пронајди маж кој ги сака работите на некој свој, сопствен и чуден начин. Некој кој прифаќа сè или ништо.
Пронајди маж кој своето кафе го сака на прецизно подготвен начин. На начин кој само ти ќе успееш да го подготвиш. Затоа што секој пат кога ќе испива голтки поинакво кафе, ќе биде благодарен што те има во животот.
Заљуби се во маж кој е тешко да го задоволиш. Некој кој сака само 3 или 4 работи во животот, затоа што ќе треба да го поминеш целиот живот истражувајќи. И секој пат кога ќе откриеш нешто ново, срцето ќе ти потскокнува како првиот пат.
Состанувај се со маж кој понекогаш заборава. Можеби ќе му текне дека ти е роденден во 5 минути до 12, но тие 5 минути ќе те натера вечно да ги запаметиш.
Заљуби се во мажот кој се бори за она што е правилно. Дури и кога тоа значи дека ќе се бори сам против сите, само затоа што моралот и етиката не му дозволуваат да функционира поинаку. Зачувај го затоа што поддршката му е секогаш добредојдена.
Пронајди го мажот кој има поголем хаос во главата од тебе. Не е потребно да му ја разбереш секоја мисла, доволно е да знаеш дека ја има таму некаде, длабоко во него. И за многу брзо време ќе разбереш дека хаосот го прави она што е - неодолив.
Остани до крајот на животот со мажот кој е смешен, кој има свои теории за животот, кој пронаоѓа потполно ново значење на стандардните знаци, кој има интуиција и бескрајно сонува.
Состанувај се со него затоа што тој очајно бара некој како него. Некој исто толку хаотичен, смешен, прекрасен, несовршен!