7 знаци кои покажуваат дека тој е маж, а не дете
Во време кога мама и тато премногу ги сакаат своите деца и прават сè за да им угодат, забораваат дека децата треба да пораснат. Особено ваквото влијание се познава кај мажите кои знаат и засекогаш да го чуваат детето во себе и да имаат навики кои не одговараат на нивната возраст.
Препознајте ги разликите и посочете му ги на вашето момче доколку не сакате да се откажете од него.
Неговиот стан е уреден со вкус – За разлика од становите на децата кои се купени со парите на мама и тато, неговиот стан е уреден со стил, а не со графити на sидовите кои се типични за незрелите момчиња.
Ја сака својата работа – Ја работи работата што ја сака, за разлика од незрелите момчиња кои наместо да преземат чекор, сè уште се жалат на макотрпната работа која не ги прави среќни.
Не му е потребна бебиситерка – Повеќето од момчињата со незрело однесување, не знаат да се грижат сами за себе. Потребна им е бебиситерка, независно дали тоа ќе биде нивната мајка, баба или девојка која ќе го чисти нередот позади нив.
Доколку вашето момче знае да се грижи само за себе тоа е уште еден знак дека е вистински маж, а не дете.
Кога има проблем не бега од истиот, бара решение – Наместо да избега од проблемот кој го пресретнал, вашиот маж бара негово решение.
Детето во ваква ситуација нема да го направи истото, тоа ќе избега и ќе ве остави сами да го решавате проблемот иако можеби истиот е заеднички.
Се грижи за својот изглед – Испегланите кошули, колонската вода и средените обувки се доволен знак дека тој се дрижи за својот изглед како вистински маж, за разлика од момците кои се облекуваат како деца и не им е гајле дали кошулата им е испеглана или не.
Признава кога направил грешка и знае да се извини – Со други зборови, не дозволува неговото его да ја уништи вашата врска.
Знае кога погрешил и се извинува бидејќи тоа е одлика на созреан маж кој е свесен дека не се секогаш во право.
Знае што има покрај себе и го цени тоа – За разлика од претходното момче кое не било свесно за вашата вредност, тој знае што има покрај себе и ве почитува.
Не сака да ве изгуби бидејќи знае дека покрај секој успешен маж стои успешна жена која ќе се вклопува во неговиот изглед.