Некој кој навистина ве сака...
Постојано сме во потрага по вистинската личност која ќе ја сакаме и ќе нè сака и прифати токму онакви какви што сме, без да сака да нè менува. Онаа личност која ќе биде среќна и горда што сме покрај неа. Токму таа личност е онаа што висински нè сака и на која не треба да ѝ симнуваме ѕвезди за да сфати колку вредиме.
Не треба премногу труд пред некој кој навистина ве сака бидејќи тој/таа веќе ве прифатил онакви какви што сте.
Но, зошто да се трудите пред некого за да ве засака, кога ако бидете трпеливи и кога-тогаш човекот што навистина вреди да биде дел од вашиот живот ќе направи простор за и вие да бидете дел од неговиот.
Некој кој навистина ве сака:
- Свесен/а е во каков хаос умеете да се најдете
- Свесен/а е дека понекогаш сте неуредни
- Дека некогаш тешко се излегува со вас на крај
- Дека понекогаш сте тврдоглави
- Љубоморни сте и тоа е во ред
- Свесен/а е дека знаете да се налутите и добро се справува со тоа
- Не му/ѝ пречи вашето нерасположение
- Ги знае вашите маани
- Никогаш, нема да ве извиси
- Ќе знае да прости
- Умее да се извини дури и кога е во право
- Вашата среќа ќе биде и негова/нејзина среќа
- Ќе ги сака вaшите несовршености
- Не бара објаснувања
- Во неговите/нејзините очи ќе се сретнете со целиот свет
... и без разлика на што било, ќе ве обожава неизмерно со целото срце и душа.
На крајот ќе сфатите дека вредело што сте ја чекале токму оваа личност која навистина ќе ве сака.