Како успешно да одржите врска на далечина?

Често кон овие врски настапуваме позитивно и со мислата дека нема да имаме никаков проблем.

kako-uspesno-da-odrzite-vrska-na-dalecina-01.jpg

Сето тоа трае краток период, а потоа овие врски завршуваат, токму поради далечината.

Никој не вели дека ќе биде лесно, но доколку ја посакувате таа врска мора да бидете подготвени да преземете сѐ.

Доколку се потрудите, не се ни сомневајте дека можете заеднички да успеете да ја одржите вашата врска. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат.

Комуникација пред сѐ

Вие секако нема да се гледате често, но морате да комуницирате колку што можете почесто. Заборавете на четот и фејсбукот и практикувајте слушање и гледање преку скајп, тоа ќе ви овозможи поголемо чувство на блискост.


Имајте доверба

За да ја одржите врската мора да имате меѓусебна доверба. Несигурноста нема да ви донесе ништо добро освен крај на врската.


Договарајте се

Однапред планирајте кога би биле слободни да се слушнете или видите. Имајте авантура и најдете се на половина пат во некоја земја и уживајте во хотелска соба.


Размислете

Ако навистина двајцата посакувате да останете заедно, тогаш размислете околу заедничкиот живот. Но, доколку вашите идни планови се разделуваат во некоја точка, тогаш најдобро би било да не се трудите премногу околу врската.

kako-uspesno-da-odrzite-vrska-na-dalecina-2.jpg

Љубовта не е семоќна и таа не секогаш може да ја одржи врската. Затоа, прво прашајте се себеси колку навистина сакате да ризикувате сѐ и да ја избришете секоја возможна далечина меѓу вас.

Со малку верба и трпение бидете сигурни дека вашиот труд на крајот ќе се исплати.

Имате ли искуство со врска на далечина?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg