Работи кои можат да ја уништат вашата врска
Без разлика колку сте вљубени еден во друг, постојат работи кои несвесно ги правиме и тие се голема закана за врските.
Доколку не сакате да ја доведете вашата љубов до пропаст, овие работи одбегнувајте ги и заштитете се од нив:
Често лажење
Искреноста е рецепт за добра и здрава врска, или брак. Лагите секогаш излегуваат на виделина, а нема зошто да не бидете целосно отворени и искрени кон партнерот за било која работа.
Посакување неверство
Дури и невиниот флерт може да крене бура во вашата врска. Не посакувајте неверство доколку сакате да ја одржите врската во живот.
Поминувате повеќе време со пријателите
Во ред е да имате голем круг на пријатели со кои ќе се дружите, но не заборавајте на партнерот/партнерката и не ги исклучувајте од ноќните излегувања.
Воопшто не се трудите
Добрите врски не паѓаат од небо, за нив мора да се вложи многу труд и трпение.
Расправии
Дури и да сте во право, некогаш премолчете. Дури и да не сте згрешиле, извинете се. Едноставно прифаќајте компромиси и не се впуштајте во расправии.
Земате сѐ „здраво за готово”
Можеби го цените трудот на вашиот партнер, но дали досега сте му го кажале тоа? Почитувајте го вашиот сакан, а резултатите ќе бидат совршени и вашата врска ќе блесне.