Практични совети при запознавање со неговите/нејзините родители
Запознавање со родителите на момчето или девојката често може да биде стресна и непријатна ситуација. Сигурно сакате да ги запознаете родителите на саканиот/саканата, но, сепак, во вас постои страв како сето тоа ќе излезе на крајот и дали воопшто ќе им се допаднете.
Нема потреба за паника, постојат неколку практични совети кои ќе ви овозможат одлична прва импресија при запознавање со родителите:
1. Бидете трпеливи - не избрзувајте веднаш да ги запознаете родителите на момчето/девојката. Чекајте го вистинскиот момент.
2. Истражувајте - распрашувајте по некој детал за родителите од момчето/девојката и не заборавајте да ги дознаете барем нивните имиња.
3. Подароци - да,важни се за добар прв впечаток. Доколку сте во гужва и не сте успеале да набавите ништо едноставно извинете се. Но најдобро е да однесете шише вино или кутија со бонбони.
4. Конверзација - учитвоста нека ви е на прво место и избегнувајте премногу да говорите за себе. Вклучете ги во разговор сите членови на семејството.
5. Комплименти - секогаш успеваат. Доколку штотуку вечеравте,пофалете ја одличната храна,прекрасното вино,убаво уредениот простор и слично.
6. Држете се настрана - од темите поврзани со политика и религија бидејќи тие разговори може да прераснат во расправија.
7. Заминете порано - не седете предолго,по вечерата позборувајте уште некое време и заминете. Па со сигурност ќе бидете поканети повторно.
Размислете што би можеле да бидете прашани и имајте спремен одговор. На тој начин ќе се чувствувате релаксирано и опуштено. Запомнете,доколку вашиот партнер/партнерка се вљубил во вас,сигурно и родителите ќе ве обожаваат.