Дали сте ја пробале позата „див водопад“?
„Дивиот водопад“ е совршена идеја за да внесете свежина во вашиот сексуален живот. Сè што ви е потребно е добро расположен партнер и када полна со топла вода.
Завртете се кон славината и клекнете во када полна со вода. Вашиот партнер нека седне на дното од кадата и нека ви се приближи за да можете да му се спуштите во скутот.
Додека тој продира во вас, дополнете го уживањето со млаз вода или со тушот насочен меѓу вашите нозе.
Она што е добро во оваа поза е тоа што топлата вода ја зголемува сензуалноста, а мажот директно ја стимулира Г-точката.
Тој има стабилна положба, рацете му се слободни, па може да ви ги допира градите или стомакот, а може и да го преземе ракувањето со тушот, па да ви овозможи експлозивен оргазам.