Момци, сигурни сте дека ѝ се допаѓате?
Повеќето момци не знаат да ги протолкуваат знаците кои ги добиваат од девојките, па не се сигурни дали некоја девојка со која веќе се познаваат или се пријатели, можеби сака да им биде нешто повеќе од тоа.
Толку мали и едноставни знаци може да ви кажат многу значајни нешта. Ако досега пријателките и познаничките ги гледавте само површно не верувајќи дека може да има нешто повеќе, проверете ги уште еднаш следниве знаци и не чекајте да преземете чекор доколку и вам ви се допаѓаат.
Секогаш одговара на вашите пораки
Без разлика за што сте ѝ пишале порака на мобилниот или на Фејсбук, таа веднаш одговара, се обидува колку може поинтересен или подолг одговор да напише и секогаш со некој реченица која може да ја сфатите на различни начини. Со тоа сака да ви го привлече и задржи вниманието, да размислите за одговорот или да ја продолжите нејзината игра на зборови.
Секогаш останува со вас до крај
Без разлика дали е забавно или досадно, дали нејзините пријателки си заминуваат, таа секогаш наоѓа начин да остане до крај со вас.
Секогаш кога излегувате некаде се труди да се најде на истото место. Ако сакате 100% да се уверите дека е заинтересирана за вас, повикајте ја да дојде со вас за да купите нешто од пазар. Ако и во тој случај се согласи, сигурно е дека сака секој момент да го помине со вас.
Сексуалната напнатост е сè поприсутна меѓу вас
Кога вашата пријателка ве посакува, нормално е да дојде до сексуална тензија. Оваа тензија се разликува од страста која ја доживувате кога се запознавате. Ако почесто разговарате на таа тема или често се смеете на шеги поврзани со сексот, тоа е уште еден начин за да ви покаже дека сака да преминете на некое следно ниво.
Ве допира
Еден од начините на кој и момците и девојките даваат знак дека се заинтересирани е преку говорот на нивното тело. Ако додека разговарате постојано се обидува да ве допре и да ви го привлече вниманието, сака да ви даде до знаење дека е заинтересирана. За да проверите, откако ќе кажете нешто обидете се вие да ѝ ја допрете раката, ако ви возврати тоа е вистинскиот знак.
Наеднаш сте многу подуховити
Класичен начин на кој девојките покажуваат дека некој ги привлекува е кога постојано се смеат на неговите шеги, без разлика дали се смешни или не. Едноставно сакаат да му дадат некакво значење. Ако вообичаено не сте многу добри во кажувањето шеги, а таа сепак добро се забавува, единствен заклучок е дека ѝ се допаѓате.
Ги следи случувањата во вашиот живот
Ги следи вашите профили на социјалните мрежи, секогаш коментира на вашите статуси и фотографии, а и никогаш не пропушта да забележи дека имате нова облека, патики, фризура, бидејќи внимава на сите детали.
Се повлекува ако види дека имате друга
Ако ве забележи со друга девојка и веднаш стане поповлечена од претходно, се менува нејзиното однесување и сака да ви покаже дека не ѝ е сеедно кога ве гледа со друга. Размислете двапати дали би сакале да ја пропуштите и да ја повредите оваа девојка.