Зошто вашиот партнер ужива додека вие доживувате оргазам?
Додека мислите дека вие го достигнувате врвот на задоволството, верувајте дека вашиот партнер ужива многу повеќе од вас. Се прашувате зошто?
Успешна мисија
Сигурно знаете колку е среќен кога ќе добие унапредување на работното место, кога ќе победи неговиот омилен тим, кога ќе ја заврши обврската која сте му ја дале уште пред неколку месеци... Истото се случува и кога ќе ви овозможи вакво интимно задоволство.
Уживаат во вашата забава
Кога жените доживуваат оргазам малку се оддалечуваат од моменталната реалност, а мажите едноставно го обожаваат чувството на задоволство кога ќе ви приредат „приватна“ забава.
Звучни ефекти
Факт е дека несвесно го правите тоа, но вашите звуци се негов најголем афродизијак. Уживање за сите сетила!
Важна им е вашата среќа
...Посебно кога тие се нејзини причинители.
Импресионирани се од женското тело
Секое движење на вашето тело за вашиот партнер е сензационално. Веќе добро ви е познато дека мажите се лица кои уживаат во визуелната убавина, па понатамошно објаснување не е потребно.