Гласни сте за време на секс?
Вие или вашиот партнер живеете со цимер, член на семесјството или пак со цело семејство? Во денешно време не се градат толку дебели ѕидови во...
...куќите и становите, се почесто можеме да ги чуеме соседите или луѓето со кои живеме.
Ако сте гласни за време на водење љубов тоа може да ви предизвика непријатност. Но, постојат начини како да ги пригушите овие звуци.
1. Во моментот кога ќе ви дојде силно да викнете ставете ја главата во перница за да ги пригушите гласовите. Ако сепак воздишките не ви се проблем туку звуците од “плескање“ и удари следната точка ќе ви помогне.
2. Сеуште немате радио во соба? Обавезно набавете. Пуштањето музика може да го пригуши она што не сакате да го чујат останатите дома.
3. Ако пак сте толку гласни што првите две опции не ви помагаат доаѓа во предвид и трета опција која сигурно ќе ви помогне иако ја нагрдува собата во која живеете. Картонските кутии од јајца добро задржуваат звук.
Размислете кој ѕид би било најпаметно да биде обложен со картонски држачи за јајца во облик на квадрат. Тоа би требало да биде ѕидот кој ја дели вашата соба од онаа соба каде често има некој од вашите дома.
4. Ако не ви успее ниту една од овие три опции најсигурно е да ги комбинирате сите три. Но, ако и тогаш се жалат вашите состанари или правете го тоа кога сте сами дома или пак тие се малку пречувствителни.