Проблеми во врски: Не кажувате доволно.
Постојат некои грешки во комуникацијата помеѓу партнерите кои воопшто не се крупни ни воочливи, но цело време доведуваат до натрупување на незадоволство и до тоа партнерите да се чувствуваат помалку поврзани, меѓусебно да се оддалечат, стекнат впечаток дека оној другиот не ги слуша и не ги разбира.
Една од тие грешки е кога не кажувате доволно.
На што се мисли? Откако ќе поминете извесно време во некоја врска, почнувате да мислите дека вие двајца доволно добро се разбирате. Во поголем број случаи тоа е точно, само што може да доведе до тоа да на саканата личност не и соопштите некои детали, подразбирајќи дека таа ќе ги знае. Понекогаш и ќе ги знае, но неретко нема да ги знае и ете недоразбирање.
Конкретен пример? И велите на саканата личност дека би сакале со неа да одите на вечера со пријателите следната сабота. Не и кажувате точно време, ниту каде би била вечерата ниту пак кој се ќе дојде. А тогаш на крајот од неделата кога ќе ја потсетите на тоа таа збунето ве гледа во смисол: „Вечера? Каква вечера?“, вас тоа силно ќе ве нервира, па и кажавте нели!
Да и кажавте, но без конкретни детали, само и споменавте дека би сакале. Така што, таа всушност и не знае дека сето тоа е договорено и организирано, за неа тоа останало само како ваша идеја за нешто што е убаво да се направи.
Затоа, кога на саканата личност и соопштувате важни работи, кажете и ги сите детали онака како што би му ги соопштиле на некој пријател со кој нешто се договарате. А кога саканата личност ви зборува нешто, прашајте за сте детали кои ви се чинат важни, немојте да подразбирате ништо.