Секс за подобро здравје
Истражувања покажале дека три пати дневно секс го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари, дијабетис, остеопороза, депресија... Според истражувањатa...
...добиени од научниците од Белфаст, редовниот секс е добар за здравјето.
Најмалку три пати во неделата утрински секс го подобрува работењето на срцето и со тоа ја намалува опасноста од инфаркт и мозочен удар.
Сексот е добар за циркулација на крвта и го подобрува имунолошкиот систем.
Моментот пред оргазам, хормонот кој предизвикува задоволство, лачи ендорфин кој е природен лек за болки. Ги ублажува болките од артритис до мигрена.
Како телесна вежба за која се користат сите мускули, гори 300 калории на час. Исто така ја смалува опасноста од дијабетис.
Американците направиле истражување на 300 сексуално активни жени чии партнери не користат кондоми.
Резултатите покажале дека опасноста да страдаат од депресија е мала, бидејќи го апсорбираат хормонот простагландин кој постои само во спермата. Оргазмот создава естроген кој ги ублажува болките во ПМС.
Сексот произведува тестостерон кој ги зајакнува коските и мускулите, при што се спречува остеопорозата. Го намалува стресот, дава сјај на косата и ја намалува опасноста од создавање акни.