Исповед на продавачка во секси шоп: Ова е работа од соништата
Можеби многу жени не би можеле да замислат да работат во секси шоп поради срам или страв. Но, Симон Нелсон не е како повеќето жени и отворено признава дека многу одамна ја интересирал сексот и не се срами тоа отворено да го каже.
Додека истражувала, дознала и научила многу работи кои подоцна ги споделува на нејзиниот блог и во нејзините авторски книги.
На почетокот мислела дека работата во секси шоп ќе ѝ се состои само во продавање вибратори, лубриканти и секси играчки.
Но, колку повеќе луѓе запознавала кои ги раскажувале своите приказни или проблеми, толку повеќе откривала нови работи, а почнала да им дава и совети.
Покрај сите нив научила многу работи не само за сексот, туку и за животот. За неа ова е работа од соништата.
Дел од нејзините заклучоци ги споделува на нејзината веб страница:
За секого постои нешто
Ова е првото нешто кое го научила кога почнала да работи во секси шоп. Сфатила дека сето она што го знае за сексот е од нејзиното лично искуство. Тоа значи дека секој има своја лична сексуална приказна и од секого може да се научи нешто ново. Секој има различни потреби и фетиши, според она што го бараат да го купат во нејзиниот секси шоп.
Ништо не ме шокира
Купувачите речиси и да не можат да ме изненадат – вели Симон. На почетокот имало прашања и барања на кои не знаела како да одговори, но со текот на времето се навикнала. За тоа што сè има слушнато не би можеле ни да замислите. Таа тврди дека најчудните работи ќе ги слушнете токму тука. Но, веќе ништо не ѝ е необично. Секојдневно учи нови работи и знае како да одговори во следна ситуација.
Никогаш не е здодевно
Омилениот дел од работата ѝ е тоа што запознава многу нови и различни луѓе. Каде на друго место би запознале трансвестит, ескорт дама, порно ѕвезда, домино дама? Нема многу професии кои нудат таква разноликост. Тоа е една од главните причини што Симон се пронашла во оваа работа.
Давањето совети е дел од оваа работа
За кратко време сфатила дека не е само продавач, туку и терапевт за врски и сексуални односи. Луѓето не доаѓаат само за да купат некоја секс играчка, туку и да прашаат за совет.
Постојат чудаци
Запознала и чудни и перверзни луѓе кои доаѓале и мислеле дека таа се продава заедно со играчките. Барале различни сексуални услуги од неа или доаѓале само да гледаат и да побараат да им покаже како функционираат некои од нив за на крајот ништо да не купат. Но, таа тоа го сфаќа како дел од нејзината работа и знае да се справи со нив.
Има многу кои доаѓаат првпат
Често во нејзиниот секси шоп доаѓале купувачи за првпат, кои биле срамежливи и не знаеле што точно бараат, но со нејзиниот пристап брзо се опуштале и станувале редовни купувачи. Иако не се сите купувачи симпатични и фини, сепак има и многу парови кои доаѓаат редовно со единствена цел да си го збогатат сексуалниот живот.
Колку што купувачите учат од мене, толку учам и јас од нив
Како продавачка во секси шоп често слуша различни приказни и искуства од кои дознава нешто ново. Со нејзините совети, пак, им помага на многумина кои имаат некој сексуален проблем.
Според Симон, единствена маана на оваа професија е тоа што често знае и целата плата да ја потроши токму во истата продавница.
Не може секој да работи на вакво место, но добро е да се знае дека постојат луѓе кои знаат професионално да се однесуваат и да им бидат од корист на купувачите во ваквите продавници.