Како да ја спасите врската за само 20 секунди?
Врската ви е во криза, не сте најсигурни дека вашиот партнер и понатаму сака да биде со вас, а секси долната облека ви се чини недоволна?
Верувале или не, еден од најценетите брачни советници неодамна откри дека рецептот за цврста врска е неверојатно едноставен и трае само 20 секунди.
Единствената состојка на овој таен рецепт е прегратката.
Колку и да ви звучи чудно, прегратката во траење од 20 секунди, 2 пати дневно е доволна за да ја зацврсти вашата врска и да и даде потполно нова димензија.
Како што било докажано, прегратката ќе го наполни вашиот партнер со окситоцин, хормон кој ја поттикнува нежноста и воедно создава чувство на верност.
Затоа, кога следен пат ќе се вратите дома нервозни и лути, почестете се со кратка, но силна прегратка. Високото ниво на оскитоцин ќе ве направи помирна, посреќна и похармонична личност.