Кој е најдобар секс партнер?
Сексолозите тврдат дека сите лажеме за бројот на сексуални искуства. Жените по обичај признаваат малку помалку, а мажите сакаат да се пофалат со...
...поголем број на сексуални парнерки.
Откривање на минатото е разбирливо, но не и толку многу потребно затоа што бројот на партнери не секогаш влијае на сексуалниот живот.
Најголем број стручни лица тврдат дека сексот со партнерот со кој сте во врска долго е најдобар. Кои се предностите на оваа моногамија?
Постојаните партнери тоа го прават почесто
Паровите кои се заедно имаат секс почесто од останатите и така стекнуваат поголемо искуство.
Сепак постои можност редовниот секс да стане досаден и монотон, но ако партнерите се решени да воведуваат новини во својот репертоар сексот може да биде се подобар и подобар.
Сексуалниот живот на оние кои немаат сериозна врска е нередовен и недоволно исполнет.
Долготрајните врски помагаат во сполно задоволство
Врските кои се базираат на доверба и отворена комуникација, помагаат во разбирање на сексот.
Партнерите можат да разговараат за своите потајни желби, што им се допаѓа а што не и да се ускладат до совршенство.
Партнерите кои не се познаваат се срамат да споделуваат вакви интимни работи.
Грижа за сопственото здравје
Партнерите кои се познаваат меѓусебе секогаш користат контрацепција и создаваат фамилија тогаш кога се подготвени.
Но, ако имате многу партнери и ги менувате постојано, опасноста за зарази е поголема, а најмногу несакани деца се резултат на непромислен секс со несакан партнер.
Подготвеност за експериментирање
Можеби мислите дека ако менувате партнери ќе имате разнолик секс, но иако лицата се менуваат старите навики остануваат.
Постојаните партнери отворено разговараат за своите сексуални фантазии и се отворени за експериментирање. Кога ќе предложите нешто ново, нема да ве осудат дека со вас нешто не е во ред.
Иако новите партнери внесуваат свежина, сепак стариот добар партнер е нешто неповторливо.