Кога ќе се сретнеш со бившата љубов...
Моментот кога те остава девојката после толку години и си заминува. На прв поглед си изненаден, а всушност си свесен дека тоа го подготвувала долго време и индиректно те предупредувала. Прво се буниш и лутиш, потоа патиш, молиш, плачеш, за после одредено време да ти стане сеедно.
И потоа, поминуваат години во кои ги избегнуваш местата каде може да ја видиш. Ја среќаваш после години. Со некој. Застанувате и во тие неколку минути пред очите ви се појавуваат слики, изговори, спомени, чувства. Да, подобро е воопшто да не проговорите еден со друг, доволен е само поглед, да се разберете како некогаш и да продолжите понатаму...
Но, ја прегрнуваш по навика, на личноста покрај себе и објаснуваш дека тоа е таа личност заради кој си плачел со недели и месеци, заради која си сакал да го напуштиш градот, земјата, овој свет. Некој кому си подарил добар дел од животот, можеби најдобар. Некој кој одеднаш станал никој.
И во целата таа непријатност пробуваш да откриеш дали е среќна, дали животот кој го живее сега е оној кој го посакувала или само се загубила во друг свет.
Во тие моменти, како на момент да ти се удира целото минато. И раскинувањето и ветувањата и долгото лутање во ноќите...и она “те сакам“ толку пати повторено... и бакнежи и насмевки и солзи и ништо...
„Здраво, ова е Бојан. Конечно да ве запознаам. Можеби си чул, заедно сме веќе 3 години.“
Страшното е што и покрај сè, се прашуваш што има тој што ти немаш. Како на него му успеало да ја прави среќна, а тебе не. Како тој и одговара повеќе кога ти беше совршениот за неа?
„Бојане, ова е Мартин, мислам дека сум ти го споменала. Бевме во врска едно време... ама долга приказна, ќе ти раскажувам!“
Блазе си му. Барем он ќе чуе зошто сум бил оставен.
Но, учиме сите од искуството. Пред сè дека што и да се случи не е крај на светот, дека и после ноќта доаѓа ден. Научивме безброј глупави изговори.
Не знам, некогаш повеќе се замараме со личностите заради кои не оставиле. А, кои се они? Зошто баш они? Од каде им право да ги сакаат оние кои отсекогаш биле наши?
Не сме се виделе толку години, а таа веќе верена, ќе стане мајка на крајот на април...
Некогаш не знаеме дали да се радуваме на среќата на бившите љубови или да жалиме што ние не сме дел од таа среќа?
Срцето има свои правила, свој необјаснив ритам по кој работи и човекот тука е немоќен. Меѓутоа има и некоја убавина во сето тоа. Во неможноста да бидеш со личноста која ја сакаш, во моментот кога ќе ја видиш среќна, во борбата кој е подобар, посреќен, кој пронашол подобар сопатник за годините кои доаѓаат...
И на крајот се прашуваш, додека тие двајца заминуваат среќни, прегрнати... се прашуваш што би било да си останал ти со неа? Дали сега би очекувала твое дете? Се прашуваш каде исчезнаа сите оние зборови, ветувања, гестови?
Се однесуваш како да ти е сеедно. А, добро знаеш дека не е...
Тие се тие љубови, кои и кога не постојат во вашиот живот, знаат да ви го растреперат срцето, да си поиграат со вашата душа. Во борбата да покажете дека сте ги преболеле, дека сте победиле, дека не постојат веќе за вас често пати победува љубовта и спомените.