Дали љубовта навистина грее?
Дека фразата „љубовта грее“ не е само фраза докажале научниците од Универзитетот Калифорнија.
Во нивните студии тие го набљудувале и забележувале субјективното чувство на студ и на топлина кај испитаниците, меѓу кои имало такви кои се во среќни љубовни врски, други пак, задоволни со својот сингл статус и трети кои биле осамени.
Користејќи магнетна резонанса, докажале дека љубовните изјави, допирите и задоволството кое предизвикувало зголемена активност во делот на мозокот е поврзано со чувството на физичка топлина.
Ист впечаток на активноста на мозокот во таа регија има и дружењето со блиски луѓе, пријатели или членови на семејството.
Слична теорија неодамна истражувале и научниците на американскиот Универзитет „Purdue“, кои откриле дека осамените луѓе се чувствителни на промени на температурата и генерално им е поладно од оние кои се задоволни со својот друштвен живот.