Научете да се карате
Караниците и расправиите се дел од секоја врска. Не е возможно да го делите животот со некого и да поминувате толку време заедно, а да не дојде до недоразбирање...
... па макар и да е некоја глупост.
Викањето не е најдобар начин за решавање напроблемите. Аргументите кои ги имате би требало да ја зацврстат вашата врска, а не да ја загрозат.
Еве неколку правила кои треба да ги знаете кога се карате со саканиот/ата.
1. Без навредување и викање
Најлошо е кога во екот на караницата без контрола се кажуваат работи кои не се мислат. Затоа без навреди!
2. Фокусирајте се на проблемот
Нема смисла во расправијата која започнала заради одредена причина да почнувате да набројувате се што ви пречело некогаш, тоа само ќе ја искомплицира ситуацијата и кој знае во која насока ќе го одведе проблемот.
3. Имајте цел
Започнување расправија без цел не е баш паметно. Целта е да најдете решение и двајцата да бидете задоволни.
Ако имате добри аргументи тие ќе ве одведат до компромис, а компромисот до решавање на проблемите.
4. Заборавете на расправија под дејство на алкохол
Алкохолот влијае на моќта на пресудување, на говорот и слушањето. Расправијата најверојатно ќе заврши лошо.
5. Седнете и гледајте еден во друг
Гледајте се во очи. Можноста за експлозивни испади се намалени кога се разговара на овој начин.
6. Кажете дека ви е жал - И кога ќе заврши расправијата немојте да си заминете. Кажете му на партнерот дека сепак ви е жал за аргументите кои сте ги навеле - тоа сепак му значи на партнерот.