Никогаш не се знае: Излезете со некој кој не е ваш тип
Дури и на оние кои не ви се физички привлечни и кои се ОК и ништо повеќе од тоа, треба да им се даде шанса и да се излезе со нив на состанок бидејќи секогаш постои можност нешто да се смени.
Ништо не можете да изгубите, но затоа можете да добиете.
Можеби ќе ви се допадне
Секој заслужува шанса. Голем број парови кои се заедно почувствувале привлечност дури на втора или трета „топка“. Не почнале сите љубови со фатална привлечност. Ако чекате нешто такво, може да се случи да се начекате.
Пријателство
Можеби нема да ви се допадне како партнер и нема сексуално да ве привлекува, но ако ви е супер како личност, никогаш не се знае. Постои шанса тоа да ви биде новиот пријател.
Ново место, нови луѓе
Можеби баш тој фраер/фраерка со кој/а сте се согласиле да одите на кафе против своја волја ќе ви покаже некое ново фантастично место во градот на кое во иднина ќе создавате нови пријателства и нови љубови.
Ќе научите нешто ново
Дури и ако тргне на лошо, тоа ќе ви биде личност која сте ја запознале, прочитале и ви помогнала подобро да сфатите што не сакате покрај себе и по каков партнер/ка трагате. Не се вели бадијала, секое искуство пари вреди.