Ретро љубовни совети од '30тите кои важат до денес
Ни се чини дека денес исчезнаа љубовните совети кои ги учат девојките да бидат дами или момците џентлмени, па затоа не е лошо да се послужиме со неколку ретро совети. Можеби ви делуваат сосема неважни, но никогаш нема да ја дознаете разликата освен ако не ги примените.
1. Не бидете упадливи во разговорите, посебно ако сте под дејство на алкохол. Постои голема шанса никогаш повеќе да не ви се јави.
2. Не бидете претерано сентиментални, ниту пак да го наведувате другиот да биде таков. На почетокот сите мразат патетика, солзи и тажни приказни, посебно на јавни места.
3. Престанете да седите како да сте лути или да ви е здодевно. Секогаш изгледајте грациозно и привлечно, а доколку џвакате мастика, потрудете се тоа да биде дискретно.
4. Никогаш не се облекувајте пред партнерот. Бидете подготвени во договореното време, нека не ве чека предолго. Секогаш излегувајте со насмевка!
5. Мажите не сакаат кога дамата им го позајмува шамивчето за да си го поправи карминот. Шминкајте се во приватност, не каде што сите може да ве видат.
6. Не разговарајте додека танцувате. Уживајте во блискоста без зборови!
7. Никогаш не разговарајте со згодниот келнер, дури и тоа да се однесува за понудата на ресторанот. Мажот пред вас го заслужува целото внимание кое го имате.
8. Не бидете премногу блиски во јавноста. Било какво претерување со емоциите е лош избор.
9. Не зборувајте за гардероба, да го опишувате фустанот кој сте го купиле или чевлите кои ги сакате. Задржете му го вниманието со теми кои го интересираат и барајте го за возврат истото.