Која машка особина пали кај жените?
Добриот изглед, парите, па дури и љубовните вештини не се особини поради кои мажите ќе успеат да задржат паметна жена покрај себе.
Ако некоја девојка им се допаѓа на мажите до таа мерка што посакува со неа да оствари нешто повеќе, а можеби еден ден и да основа семејство, тогаш важно е да знае на која машка особина жената најбргу ќе „падне“.
Како што покажало истражувањето на магазинот “Men’s Health”, дури 53 проценти од припадничките на понежниот пол се сложиле дека најважно им е покрај себе да имаат маж кој умее да слуша.
Жените се познати како разговорливи суштества кои сакаат со својата посилна половина да ги споделат секојдневните случувања. Но, ако жената зборува нешто, а мажот ја слуша со половина мозок, или пак е потполно исклучен, таа со време ќе престане да го слуша него. Без двонасочна комуникација, врската е осудена на пропаст.
Исто така, ако мажот на време слушне кои се потребите на жената кога му се зборува со смирен глас, ќе ги избегне непотребните расправии и игнорирања.
Ако мажот има способност да ја слуша својата партнерка, таа ќе има впечаток дека му значи и дека е сакана и со самото тоа ќе има поголема потреба за размена на нежности, но и посилна сексуална желба.