Во 6 чекори до идеална еротска масажа
Сензуалните допири и сексуалното истражување се идеален спој кој може да го зачините со малку етерични масла. Ова е водич со кој може да и/му понудите еротска масажа од соништата.
Пронајдете го совршениот простор
Одлично би било ако го одберете вашиот кревет како место на кое ќе ја изведете масажата. Една перница треба да биде поставена под главата на партнерот, другата под колениците и третата под зглобовите. Може да започнете...
Користете масло кое знаете дека му одговара
Освен тоа што рацете мора да бидат меки и топли, неопходно е маслото со мирис кое знаете дека го обожава. Тоа ќе помогне вашиот партнер да се ослободи од стресот, а вас ќе ви биде од голема помош. Опојниот и егзотичен мирис е секогаш најдобар избор.
Создадете мирна атмосфера
Жешката долна облека е одличен почеток. Покрај тоа пуштете лесна и тивка музика и поставете многу свеќи. Дискретното светло многу ќе ви помогне и во понатамошниот развој на настаните.
Откријте на кој дел од телото сака да се фокусирате
Секако извршете целосна масажа, но сепак обидете се да откриете кое место го возбудува најмногу. Не се плашете да откривате и експериментирате, само може да ви биде од корист. Започнете од стапалата и движете се во нагорна линија.
Движења кои ќе го излудат
Двете раце нека ви бидат на различни места, никогаш не обрнувајте внимание само на едно место. Одушевете го со некое ново движење и дозволете му да ви каже што му одговара. Користете ги прстите наместо целите дланки затоа што тие создаваат доза на скокот на кој никој до сега не одолеал.
Фокусирајте се на чувствата
Не постои тајна за совршена еротска масажа. Најважно е емотивно да се внесете во целата приказна, а квалитетот на допирот е поважен од техниката, па затоа малку помачете се и откријте во што вие би уживале, за потоа да почнете да истражувате.