За што не смеете да се правдате пред својот партнер?
Оправдувањата се сосема прифатливи кога свесно знаете дека негде сте погрешиле и тоа не намерно. Но, многу жени користат оправдувања кои едноставно нема зошто да ги користат, бидејќи ништо погрешно не направиле.
На многу жени им се случува да го изгубат идентитетот кога ќе влезат во врска. Сè што биле до тогаш, престануваат да бидат и целосно му се посветуваат на мажот со кого се во врска.
Но, тоа е погрешно. Во ред е до некаде да направите компромис заради желбите и потребите на партнерот, никогаш до крај немојте да отстапувате од своите принципи, ниту да се извинувате и правдате за некои работи:
Заради својот успех
Извини што завршив факултет, што сама се вработив во добра компанија и што заработувам подобро од тебе. Вакво нешто никогаш не смее да излезе од вашата уста.
Заради тоа што не готвите како неговата мајка
Не сте совршени во кујната? Па што! Ако му е побитно како готвите од она што сте вие самите, не ви е потребен. Ќе најдете некој кој потполно ќе ве прифати без да наоѓа забелешки на сè.
Заради тоа што барате објаснување за неговото глупаво однесување
Тој попрво би го премолчил тоа и би посакал да се заборави, но не дозволувајте така да се извлече. „Дриблајте го“ додека не му ја извадите грешката низ нос и додека не сфати дека се однесува како дете. Единствено така ќе бидете сигурни дека нема да ја повтори.
Затоа што сте секогаш средена
Постојат и такви мажи кои не сакаат нивните жени постојано да се средени од глава до пети. Но, можеби и тие ќе бидат жени во следниот живот па ќе знаат за што се работи. А, до тогаш нека се држат до својот пол и нека ги пропуштат коментарите кои немаат право да ги делат. Нека молчат и нека се радуваат што нашле девојка која се грижи за себе.
Со колкумина сте биле пред него
Вашето љубовно минато би требало да остане вечна мистерија за него, но ако веќе инсистира да знае, тогаш нема право да коментира, а вие не би требало никогаш да се правдате за тоа. Вие никогаш не би правеле проблем за бројот на девојките со кој бил, зар не?
Затоа што сте излегле во град...
...И сте си поминале одлично и без него!