Бикините ги оглупуваат мажите
Научно е докажано дека бикините ги прават мажите поглупави. Во изданието за овој месец на весникот „Consumer Research“ објавена е статија во која се објаснува начинот на кој мажите не носат добри одлуки додека гледаат во убави девојки во бикини...
Во „бикини“ експериментите, Белгијските истражувачи направиле серија тестови над 358 млади мажи. Во еден тест, мажите гледале во слики од девојки во бикини и во слики од природа. Во друг тест на некои мажи им биле дадени на разгледување маички, а на други градници. Во третиот тест им било дадено да гледаат видео материјал во кој мажи трчаат во природа и уште едно во кое стотина млади девојки во бикини трчаат по планини, плажи....
Во секој тест испитувачите им нуделе на мажите да одберат помеѓу тоа да им биде платено 15 евра во моментот или да се ценкаат за поголема сума за која ќе треба да почекаат недела или месец.
Во сите тестови, мажите кои биле изложени на секси девојки или градници се сложувале со сума пониска од оние испитаници кои биле изложени на неутрални фотографии и видео материјали. На пример, додека мажите кои гледале полиља и слична природа побарале екстра 10 евра еден месец подоцна (вкупно 25 евра), оние кои биле изложени на девојки во бикини се согласувале со само екстра 5 евра (вкупно 20).
Мора да признаеме...бикините можат влијаат на преговарачките способности на мажите.
Нели ?