Три грешки кои ги прават изневерените жени
Повредената жена која се сомнева дека нејзиниот партнер ја изневерува е спремна на сè. Детективски акции, испитување и закани се само дел од лошите идеи кои можат да ви паднат на памет и кои ниедна вистинска дама не смее да си ги дозволи, дури и ако сомнежот е реален.
Во продолжение ви ги предочуваме трите најчести грешки кои жените скоро секогаш ги прават кога ќе дознаат дека партнерот ги изневерува, а тоа само ги троши нивните нерви и време.
Спремни на сè за да го вратите
Пред сè, ако вашиот партнер е спремен на неверство, добро размислете дали воопшто сакате таква личност покрај себе. Неверството е начин на живот и најверојатно ќе се повторува и покрај тоа што тој ви ветил дека ќе се промени. Немојте да се обвинувате себе, бидејќи ако некој не е доволно зрел да си ја сочува врската или бракот, верувајте дека не е вреден за вашето внимание.
Константно одење зад петици
Кога жената ќе се посомнева дека мажот ја изневерил, прва реакција и е да се претвори во шпион и да го истражи целиот случај. Тогаш почнува д аги испрашува неговите родители, пријатели, ја има на увид неговата дневна рута на движење, знае кој му се јавил на телефон во тек на цел ден, а тоа бара многу време и енергија и најстрашно е што на крај веројатно ќе го открие она што не сака да го знае – дека ја изневерува.
Ако веќе подолго време се сомневате дека нешто не е во ред, не ви треба никаков физички доказ, а најмалку од се ви треба бламирање и непотребно леење солзи. Соберете сила и отворено кажете му што е она што ве мачи, а ако ви ја признае грешката, достоинствено свртете се и заминете од неговиот живот.
Префрлање вина на љубовницата
Иако изневерената жена секогаш мисли дека љубовницата на нејзиниот маж е некоја бездушна кучка и крадец на туѓото, која е крива за се, сепак тоа не е точно. Никогаш немојте вината да ја барате во трето лице. Таа не е онаа која пред сведоци кажала дека ќе биде со вас до крај на животот и дека нема да ве изневери никогаш. Многу често се случува и третата личност да е жртва на оној кој изневерува. Ако не е таа, ќе биде некоја друга.
Вината барајте ја само на едно место – кај вашиот партнер!