Вечна тема - Постои ли пријателство меѓу маж и жена?

Верувате ли во машко – женски односи или тоа ви звучи подеднакво нереално како да сме спомнале вонземјани?

vecna-tema-postoi-li-prijatelstvo-megu-maz-i-zena-2

Дали е можно маж и жена да одржат само платонски однос или другарството кога – тогаш ќе помине во нешто повеќе? Ова е расправа која се провлекува подолго време, а решение нема!

Вистина е дека машко – женските пријателства се многу поретки од оние кои ги имаме со истиот пол. Можно ли е без разлика на тоа колку и да мислат двајца од спротивниот пол дека се пријатели, сепак меѓу нив да има макар и најмала доза на сексуална привлечност?

Логичен одговор на ова е дека пријател од спротивниот пол може да ни биде само некој кој воопшто физички не нè привлекува. Но, тука настанува нов проблем. Ако на сите други полиња функционираме одлично, многу е веројатно дека во еден момент истата таа личност ќе ни стане симпатична. Всушност, оние кои ги сакаме секогаш ни се најубави.

Има многу ситуации кога токму добри пријатели станале љубовен пар и имаат прекрасна приказна за раскажување. Има и такви кои пробале, па за сметка на кратка авантура го уништиле долго годишното пријателство, а има и такви кои навистина цел живот се само пријатели и нивната релација е слична на онаа помеѓу брат и сестра.

Значи, правила нема. Ако случајно имате пријател/пријателка кој ви се допаѓа, а мислите дека и другата страна се чувствува исто, занемарете го разумот. Некогаш најдобрите работи се случуваат кога ќе ги затвориме очите и ќе се препуштиме на моментот.

Ако имате некој кој навистина го цените и сакате само како пријател/пријателка, нека остане така, без разлика на светските анализи и статистики дека тоа не е можно. Некои работи кои не се објаснуваат лесно и кои не се мерат со бројки.

Па, свртете го телефонскиот број на пријателот или пријателката и напијте се едно кафе.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg