Заведете со помош на хороскоп

Секој од нас има начин на заведување и знае како сака да биде заведен. Но, ако имате дилеми бидејќи сте запознале нова личност и не знаете како да се...

 

...снајдете, еве како хороскопот ќе ви излезе во пресрет.

Овен
Овенот морате да го гледате право во очи. Дајте му до знаење дека сте вредна за него, а тогаш дозволете тој вас да ве заведе. Овните ќе ја ценат вашата директност и независност. Бидете секогаш подготвени за луди авантури и уживајте во неговиот слободен дух.

Бик
Згответе му го на избраниот бик неговото омилено јадење, бидејќи тој ќе го најде патот до срцето преку мирисот на храната. Оваа атмосфера дополнете ја со многу свеќи и романтична музика. Мазете и пазете го, а за возврат тој секогаш ќе биде тука кога ќе ви притреба. Бидете стрпливи, полни со љубов и подршка.

Близнаци
Со близнаци играјте игри и флертувајте. Бидете флексибилни и отворени. Близнаците обожуваат да играат. Бидете лукави, спонтани, задоволни и по малку недостапни. Тие сакаат надмудрувања и лов, но и забавна комуникација. Никако немојте да си дозволите да му станете досадни.

Рак
Раковите ја ценат материјалната сигурност, па дајте му до знаење дека имате сигурна работа. Уживајте во тивки, приватни вечери во домашна атмосфера. Не ги заборавајте оние специјални денови, како што се на пример родендени или годишнини.

Лав
Лавовите мораат да блескаат, сакаат секогаш да се во центарот на вниманието. Давајте му комплименти за неговата смисла за хумор и често давајте му на знаење колку ви е тој важен и прекрасен.

Девица
За да освоите девица, морате да и се претставите како личност која нема мани и таа ќе биде воодушевена од совршенството во вас. Девиците се остроумни и аналитични суштества. Останете смирени кога ве критикуваат или кога премногу ве анализираат. Отворете и го срцето, затоа што девиците можат да ви бидат и љубовници и сродни души истовремено.

Вага
Вагата сака рамнотежа. Угодувајте и со мали екстраваганци и континуирано давајте и комплименти. Таа за возврат секогаш ќе биде убава и сензуална за вас. Сака еднаквост и рамноправност во врската и способна е да носи разумни одлуки. Најмногу ја лути неправда.

Шкорпија
Изгледајте заводливо кога сте во близина на шкорпија. Тие го ценат природниот сексапил. Бидете подготвени за и ги откриете своите најлуди мечти: споделете  се со шкорпијата, бидејќи таа сака да ги знае сите ваши скриени тајни. Инвестирајте во сатенска постелнина и миризливи свеќи, а таа ќе се погрижи за заведувањето, музиката, еротичната масажа...

Стрелец
Дајте му ја на стрелецот емотивната и физичката слобода која му е потребна. Бидете секогаш подготвени за патување и авантура, бидејќи тој ќе отпатува во оној миг штом дознае за некоја интересна дестинација. Научете да ги сакате неговите практични шеги, бидете полни со ентузијазам, енергични и секогаш подготвени за следниот чекор.

Јарец
Бидете полни со разбирање за посветеноста на работата и желбите за успех кај јарците. Тие тоа го сакаат и заради себе, но и заради својот партнер. Дајте му доказ, внимателно одбран подарок, но бидете способни и рацинално да го процените колку ќе потрошите за него. Кога тој ќе биде спремен, јарецот целосно ќе ви се посвети. Секогаш бидете искрени и направете го она што сте му го ветиле.

Водолија
Ако сакате да заведете водолија, морате да бидете способни за разговор на различни теми. Бидете возбудени за неговиот "еластичен" начин на размислување. Станете најпрво интимни со неговиот ум, а потоа со неговото тело.

Риби
Научите да ја искажувате љубовта на илјада можни начини, а покрај зборовите, покажете ја својата наклонетост кон неа. Секогаш бидете нејзина подршка. Најдете начин да и докажете дека љубовните приказни од црно-белите филмови, може да постои и меѓу вас.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg