Работи кои не би сакале да ги слушнеме на крајот од љубовниот состанок
Идеалниот состанок завршува со бакнеж, оној помалку идеалниот со симпатичен разговор, но постојат и реченици кои не би сакале да ги слушнеме на кајот од состанокот.
Па, еве кои се тие реченици:
Ми беше драго
Штом слушнеме дека некому му „било драго“, некако претпоставуваме дека повеќе не сака да не види. Ако сè се заврши со ракување, работата е јасна.
Го имам твојот број, па...
....чекај да ти се јавам, а нема да ти се јавам, иако ми беше драго. Ваквите личности даваат до знаење дека би било подобро да не им се јавиме.
Среќно
Со некој(а) друг(а)! Било каква фраза која дава до знаење дека баш и не планира повеќе да се види со вас го расипува впечатокот, а што е најлошо, некои ги користат и кога не мислат така.
Моментално сум презафатен(а) но ќе ти се јавам
Ако сака да се видите, нема да биде презафатена, а ако не знае што да каже за да се извлече, ќе го користи баш овој изговор. Премногу работа никогаш никого не спречува за да се дојде до оној/онаа кој ги интересира.
Имам девојка/момче
И тоа се случува! Девојките/момците во врска излегуваат и со други само за да си го подигнат егото (особено момците) и ова е најлошата комбинација. Со вакви момци/девојки најдобро е да се прекине секоја комуникација.