Дознајте како ве издава бакнежот

Бакнежите се совршен начин со чија помош на другата личност и покажувате што чувствувате. Се вели дека бакнежот е силна желба да се вдахне дел од саканата личност.

doznajte-kako-ve-izdava-baknezot-1

Со овој сладок знак на внимание се поврзувате со блиските луѓе, пријателите, децата, но и искажувате страст кон партнерот. Што оддаваат различните бакнежи?

Образ
Бакнежот во образ може да биде сладок начин со чија помош искажувате наклоност кон драга личност или срамежлив начин со чија помош сакате да се приближите кон личност со која сте на прв состанок. Бакнежот во образ обично се дава со затворени усни и не мора да биде поврзан со физичка привлечност.

Уво
Бакнувањето во уво е набиено со страст и има сексуални намери, во зависност од интензитетот. Бакнежот во уво ја оддава разиграната и немирната природа на оној кој бакнува.

Врат
Бакнежот во врат е многу сензуален и романтичен и е добар вовед за предигра.

Рака
Гестот на бакнеж на дланка, особено на надворешната страна на дланката означува восхит, нежност и желба за љубов. Покажува и доверба која личноста што ја бакнува раката ја чувствува.

Чело
Бакнежот во чело е заштитнички и оддава голема нежност.

doznajte-kako-ve-izdava-baknezot-2

Бакнеж со прегратка
Кога истовремено се бакнуваат и гушкаат, двете тела се во близок контакт. Ова означува силна привлечност на сензуално и сексуално ниво и взаемно предавање.

Усни
Бакнежот во усни означува страст, може да зборува „те сакам“ или „сакам да бидам со тебе“, а ако е површен може да значи само пријателство. Толкувањето на бакнувањето во уста зависи од интензитетот. Бакнувањето со затворена уста е карактеристично за старите филмови во кои главниот јунак цврсто ја „грабнува“ својата сакана и на тој начин и вели „моја си, немој да се противиш“, а таа со задоволство му се препушта.

Француски бакнеж
Бакнувањето со отворена уста кога се допираат јазиците, покажува страст и предавање. Овој бакнеж може да покаже каква е хемијата помеѓу двајца луѓе, а често покажува и каква е личноста во кревет. Истражувањата покажуваат дека на жените бакнежот им е мерило каков е мажот во сексот, а на многумина бакнувањето им е поважно и од сексот.

Со отворени очи
Иако повеќето луѓе најмногу сакаат да се бакнуваат со затворени очи, оние кои не ги затвораат очите кога се бакнуваат се набљудувачи.

Со затворени очи
Личноста која ги затвора очите кога се бакнува е примател. Кога ги затвораме очите ни се зголемува чувството на допир и така повеќе уживаме во бакнежот.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg