Најромантичните филмски мажи
Кога ги гледате овие мажи ви се враќа вербата во љубовта и сигурни сте дека ништо не може да го уништи срцето што искрено сака. По запознавањето со...
...филмските херои некако сте сигурни дека не само што љубовта на прв поглед постои, туку и лесно се препознава по прекрасната музика што одеднаш се појавува во мигот кога ќе ви се сретнат погледите.
Разнежнети од овие приказни се враќате во реалниот свет и сфаќате дека - романтичните филмови ви го уништија љубовниот живот :)
Еве кој е виновен за преголемите очекувања и честите реални разочарувања:
Jack Dawson во Titantic
Се вљубува во неа, ја освојува и ослободува од стегите на богатата класа, ја слика, ја бакнува и се жртвува за љубената.
Jerry Maguire во Jerry Maguire
Трите волшебни зборчиња што секоја девојка сака да ги слушне: You complete me!
Johnny Castle во Dirty Dancing
Кога сите би танцувале, би љубеле и би ве штителе како Џони...
Lloyd Dobler во Say Anything
Современата серенада ги стопи срцата на гледачите. Сега може да пуштат музика и од mp3 плееер и од мобилен... Ама треба да им текне! :)
Noah Calhoun во Notebook
Човек кој не се откажува од љубовта на својот живот... До крајот на животот.
Edward Cullen во Twilight Saga
Секси вампир спасува девојка, се вљубува во неа на прв поглед, го совладува нагонот да ја нападне и дозволува љубовта да триумфира до крајот на вечноста.
И секако, сите мажи од Love Actually
Преслаткото детенце не се откажува од својата прва љубов, премиерот се вљубува во девојката што му носи кафе, писателот учи португалски за девојката која не знае англиски, несреќно вљубениот организира неверојатно изненадување за свадбата на саканата со неговиот најдобар другар, трпеливиот Карл е полн со поддршка за колешката со проблематичен брат...
Кого заборавивме?
З.П. | Црнобело