9 знаци дека вие сте токсичниот партнер во врската (колку и да не сакате да си признаете)
Секогаш ја префрлате вината на партнерот, постојано се жалите и сакате да го контролирате секој аспект од неговиот живот.
Неретко луѓето кои се токсични не се свесни за своето лошо однесување.
Не сфаќаат дека прават нешто погрешно и може да мислат дека дури и им помагаат нa другите.
Ако во врската честопати имате проблеми, а не можете да ја воочите причината, можеби вие сте токсичниот партнер.
Девет знаци дека вие сте личноста која треба да почне да работи на себе:
Префрлате вина
Без разлика со каков проблем сте соочени, максимално избегнувате одговорност и вината секогаш ја префрлате на партнерот.
Кога го правите ова можеби се чувствувате подобро, но правите огромна штета на односот со партнерот.
Бидејќи не си ги признавате грешките, никогаш нема да научите од нив и само ќе ги повторувате.
Постојано сте негативни
Дали постојано анализирате и барате нешто погрешно и лошо во секоја ситуација?
Можеби се убедувате дека сте реалисти, но поверојатно е дека сте негативна и токсична личност која ја „убива“ и среќата на партнерот.
Секако дека не треба да ги игнорирате проблемите, но кога се фокусирате само на лошото и постојано му се жалите на партнерот, тогаш вие сте токсичната личност во врската.
Многу озборувате
Колку и да не сакаме да си признаеме, повремено сите озборуваме.
Но, ако секој разговор со партнерот ви е омаловажување и озборување на некоја друга личност, воопшто не влијаете добро на вашиот однос.
Секогаш сте „брутално искрени“
Искреноста е важна во секоја врска, но тоа не значи дека треба да навредувате и да го повредувате партнерот само затоа што ја кажувате вистината.
Ако не ви се доаѓа нешто во односот со партнерот, не го напаѓајте, туку смирено разговарајте за тоа и најдете решение за проблемот.
Постојано барате драма
Во секоја врска, дури и најсреќните, повремено има конфликти.
Но, ако постојано се „закачувате“ со партнерот, барате замерки и почнувате караници за ситници, дефинитивно вие сте токсичниот партер во врската.
Избегнувате конфликти
Од друга страна, не треба ни да ги избегнувате конфликтите, односно разговорите за проблемите во врската.
Ако го правите ова, и вие и партнерот ќе почнете да чувствувате презир еден кон друг, а ова ќе биде ваша вина.
Се однесувате како „контрол фрик“
Што ќе правите, каде ќе одите, дали партнерот може да излезе… Ако ги правите овие работи, вие сте „контрол фрик“, а со тоа и токсичниот партнер во врската.
Едно е да се грижите за партнерот, но сосема друго да сакате да имате контрола над секој аспект од неговиот живот.
Не му дозволувате на партнерот да созрее
Дали го поддржувате партнерот или секој негов обид да направи и проба нешто ново го пречекувате со критики?
За да бидат среќни, партнерите треба да растат и да созреваат заедно. Ако не го дозволувате ова, веројатно вие сте главниот проблем во вашата врска.
Не му дозволувате на партнерот да биде свој
Ги критикувате неговите интереси и хобија, имате замерки за облеката што ја носи, не ви се допаѓа неговата професија, неговите пријатели…
Во ред е да му посочите на партнерот кога греши, но ако очекувате тој да го промени својот идентитет заради вас и вашите желби, нема да ве трпи уште многу долго.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





