Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)?
Благодарение на напорната работа на сопругата семејството се преселило во друга и поголема куќа, а со оддалечувањето од пријателите мажот почнал да се чувствува уште поосамено, па почнал да бара пријатели на социјалните мрежи.
Така ја запознава Керолин, жената којашто и сама излегла од тежок развод, а шест месеци пред да започне ковид пандемијата, тие почнале да се допишуваат редовно.
„Во март 2020, се случи пандемијата и сè се затвори. Живеев во нова област, без пријатели, со ќерка тинејџер на којашто ѝ требав сè помалку и сопруга која повеќе сакаше да биде сама.
Во новата поголема куќа Меги можеше да ме избегнува колку што сака“ – вели тој.Па така, додека сопругата и ќерката го избегнуваат, тој наоѓа утеха во разговорите со пријателката, која подоцна му станала љубовница.
По одреден период, тој одлучува и лично да се запознае со Керолин, а вели дека од прво не очекувал дека тоа ќе прерасне во афера. Сметал дека можеби ќе се забавуваат пријателски, ќе имаат една луда и незаборавна ноќ, и тоа ќе биде тоа.
Но, наместо тоа, тие двајцата започнале врска, заради која мажот почнал да ги лаже сите и да води двоен живот.
Прво сметал дека страда од средовечна криза и дека нема потреба да се разведува, но по смртта на родителите сфатил дека животот е краток.
„Мојот терапевт ми рече нешто што никогаш нема да го заборавам: ’Она што многу луѓе го нарекуваат средовечна криза е сосема природен дел од тоа што ја сфаќаме сопствената смртност.
Ќе умреш многу брзо и сакаш да се почувствуваш среќно. Можеби се плашиш од смртта‘.
Но, таа згреши. Јас не се плашам од смртта, туку од тоа дека не сум живеел воопшто. Избирам да бидам среќен“ – раскажува мажот.
Така тој одлучил да се разведе од сопругата, која била изненадена од неговото барање. Како што вели, многу солзи биле пролеани додека да се заврши процесот, но денес се чувствува дека ја донел вистинската одлука.
„Не велам дека секој средовечен маж којшто ќе сфати дека е смртен треба да побегне од луѓето што ги сака. Но во име на годините што остануваат пред вас, разговарајте со личноста со која делите кревет, слушајте ги.
Направете место за сите во животот. Живејте додека можете“ – ѝ порачува за крај тој на својата бивша, но и на другите сопруги кои ги занемаруваат своите сопрузи.
Б. С. Б. | Црнобело